Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Живеам во пекол“: Кристина Еплгејт се отвори за борбата со мултипла склероза

„Живеам во пекол“: Кристина Еплгејт се отвори за борбата со мултипла склероза

Кристина Еплгејт се отвори за нејзината битка со мултипла склероза и за предизвиците со кои се соочува.

52-годишната актерка, на која болеста ѝ беше дијагностицирана во 2021 година, искрено сподели дека сè уште минува низ процес на тагување, кој не знае кога ќе заврши.

Кристина Еплгејт Кристина Еплгејт

„Живеам во пекол. Не излегувам многу, па ова е малку тешко за мојот систем. Се разбира, поддршката е прекрасна и сум навистина благодарна.“

„Не ставам временски печат на тоа. Никогаш нема да се разбудам и да си речам дека ова е неверојатно. Тоа нема да се случи. Се будам секој ден и се потсетувам на мојата дијагноза“ – рече Еплгејт кога беше запрашана дали сè уште е во процес на тагување.

„Се изолирам и тоа е начинот на кој се справувам со ова. Не одам никаде бидејќи не сакам да го правам тоа. Тешко е“ – додаде таа.

Ова не е прва здравствена битка на Кристина. Во 2008 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка и помина низ двојна мастектомија за отстранување на градите. Таа стана мајка во 2011 година, кога се роди нејзината ќерка.

Кристина Еплгејт Кристина Еплгејт

Актерката оперативно си ги отстрани јајчниците и матката во 2017 година, за да го намали ризикот од повторно враќање на болеста.

Кристина сподели дека има МС во август 2021 година.

Неодамна таа изјави:

„Со болеста мултипла склероза не постои добар ден. Имате само мали лоши денови. Луѓето ме прашуваат зошто не се туширам почесто. Па, затоа што туширањето е застрашувачко. Можеш да паднеш, можеш да се лизнеш, нозете може да ти се заплеткаат. Особено затоа што имам стаклена туш кабина. Се плашам да влезам во неа.“

„Има одредени работи кои луѓето ги земаат здраво за готово цел живот, кои и јас ги земав здраво за готово. Слегувањето по скали, носењето предмети... не можам да ги правам тие нешта повеќе. Тоа е ужасно.“

Кристина Еплгејт Кристина Еплгејт

Мултипла склероза (МС) е хронична болест која настанува кога имуниот систем абнормално ја напаѓа обвивката и поддршката околу нервните клетки (миелинска обвивка) во мозокот, `рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователно оштетување. Ова оштетување може да предизвика низа симптоми, вклучувајќи мускулна слабост, замор и проблеми со видот, а може со тек на време да води до инвалидитет.

МС почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите.

Кристина Еплгејт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11424 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.