Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кристина Еплгејт сподели дека боледува од мултипла склероза

Кристина Еплгејт сподели дека боледува од мултипла склероза

Кристина Еплгејт се отвори за здравствените проблеми. 49-годишната актерка откри пред светот дека боледува од мултипла склероза.

На својот Twitter профил, таа напиша:

„Здраво пријатели. Пред неколку месеци ми беше дијагностицирана мултипла склероза. Беше чудно патување, но имам голема поддршка од лица кои ги познавам кои ја имаат истата оваа состојба. Беше тежок пат, но како што и сите знаеме, патувањето продолжува. Освен ако некој идиот не го блокира.“

Кристина Еплгејт

Мултипла склероза (МС) е хронична болест која настанува кога имуниот систем абнормално ја напаѓа обвивката и поддршката околу нервните клетки (миелинска обвивка) во мозокот, `рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователно оштетување. Ова оштетување може да предизвика низа симптоми, вклучувајќи мускулна слабост, замор и проблеми со видот, а може со тек на време да води до инвалидитет.

МС почесто се јавува кај жените, отколку кај мажите.

Кристина Еплгејт

Еплгејт во 2008 година се бореше со рак на дојка. По извршена двојна мастектомија, беше објавено дека нејзината болест е во ремисија.

Кристина има едно дете со сопругот Мартин Ленобл.

Кристина Еплгејт

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11396 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.