Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Женственоста нема врска со возраста“: 60-годишната Моника Белучи заведува во фотосесија за „Madame“

„Женственоста нема врска со возраста“: 60-годишната Моника Белучи заведува во фотосесија за „Madame“

Моника Белучи и на 60 години е поим за елеганција, женственост и убавина, а зошто е тоа така докажува од страниците на „Madame Arabia“.

Убавата италијанска актерка позираше во модели од врвни модни куќи како Cristobal Balenciaga, Viktor and Rolf, Coperni, Saint Laurent и Ashi. Во интервјуто за модното списание, Моника зборуваше за женственоста и мајчинството.

„Женственоста е секогаш жива, таа нема никаква врска со возраста. Таа е природен став“ – рекла Белучи.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

„Кога си млад, мораш да гледаш на животот со млади очи. Грешките се важни, тие нè учат како да преживееме.“

„На 40 години почнав ново поглавје од мојот живот. Тогаш го добив моето прво дете, а второто на 45. Мислам дека на 40 години, животот е само убав континуитет за жената.“

„Мајчинството ми ја промени перспективата на животот, иако сé уште имам страст за мојата работа. Ќерките ми станаа приоритет“ – додала таа во интервјуто.

Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи Моника Белучи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28888 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.