Седум години по објавувањето на музичкиот проект „El Dorado“, Шакира најави нов албум.
47-годишната пејачка сподели на Instagram дека новиот албум ќе се вика „Las mujeres ya no lloran“ (Жените не плачат повеќе), а дека ќе излезе на 22 март. Таа сподели фотографии направени специјално за албумот.

„Мојот нов албум, кој излегува на 22 март, е албум кој го создадовме заедно со сите вас, мојата глутница волчици кои беа покрај мене на секој мој чекор.“
„Оваа работа беше алхемиски процес. Додека ја пишував секоја песна, наново се градев себеси. Додека ги пеам песните, солзите ми се претвораат во дијаманти, а мојата ранливост во сила“ – напиша Шакира.


Насловот е дел од мега популарната песна на Колумбијката со Bizarrap, „Bzrp Music Sessions, Vol. 53,”, во која се вели: „Жените не плачат повеќе, тие прават пари“.
Албумот се состои од 16 песни, од кои 8 се нови, еден е ремикс, а останатите се веќе објавени. Меѓу нив се „Music Sessions Vol. 53“, „TQG“, „Te Felicito“ и други.

Шакира ги напиша новите песни по разделбата од партнерот Жерар Пике со кого беше во врска 11 години и со кого има два сина.

