Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Елена Ристеска во мини сако-фустан ја прими наградата „Личност на годината во светот на поп музиката“ во Србија

Елена Ристеска во мини сако-фустан ја прими наградата „Личност на годината во светот на поп музиката“ во Србија

Елена Ристеска е горда на добиените признанија. Македонската пејачка сподели дека се закити со награда за „Личност на годината во светот на поп музиката“ на манифестација во Србија.

На настанот во Сокобања, Елена носеше црно-бел мини сако-фустан.

„Вчера бев прогласена за „Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.“

„Уште една награда на моите полици дома меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19 години музичка кариера. За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство , тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот“ – напиша таа во описот на фотографиите.

Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска Елена Ристеска

Ристеска беше придружувана од сестра си Драгица.

Елена Ристеска

Минатиот месец, Елена беше наградена на фестивалот „Best of Rumeli“ во Истанбул, Турција. Таа ја доби титулата „Најдобар претставник на македонската култура во светот“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.