Елена Ристеска беше наградена на фестивалот „Best of Rumeli“ во Истанбул, Турција.
35-годишната пејачка ја прими титулата „Најдобар претставник на македонската култура во светот“.
На манифестацијата, македонската музичка ѕвезда се појави во впечатлива креација.
„Пред два дена ја добив наградата 'Најдобар претставник на македонската култура во светот' на фестивалот 'Best of Rumeli' во Истанбул, Турција. Благодарам Турција за оваа драгоцена награда, ми значи премногу“ – напиша Елена.
„Можеби наградите не значат многу во однос на музичкиот успех, но кога ќе ги погледнам сите награди на мојата полица, сфаќам дека тие покажуваат колку сум постигнала во мојата 20-годишна кариера. Одлично е чувството“ – дополни таа.




Елена ја доби поддршката од сестра си Драгица, која беше нејзина придружничка на фестивалот. „И мојата најдрага сестра мојот најголем поддржувач и моето сè! Те сакам до небото и подалеку“ - напиша Ристеска.




