Ванеса Хаџенс беше фотографирана со големо трудничко стомаче откако ја сподели веста дека е бремена една година по раѓањето на првото дете.
36-годишната актерка стана мајка на почетокот од јули 2024 година, а во истиот месец 2025 година објави дека на пат е второто дете.
Ѕвездата од „High School Musical“ се упатуваше на настан во Брентвуд кога беше пресретната од папараците. Хаџенс носеше кафеав летен фустан кој ѝ го истакна стомакот.











Ванеса стапи во брак со сопругот Кол Такер во декември 2023 година. Претходно, таа беше во врска со Зак Ефрон.


