Ед Ширан беше одликуван со кралски орден од принцот Чарлс на церемонија во Бакингемската палата.
26-годишниот пејач стана Член на Редот на Британската Империја (MBE), благодарение на неговиот исклучителен придонес во музиката и поради хуманитарната работа.


Откако му беше доделен орденот, Ед го прекрши кралскиот протокол со тоа што додека се ракуваше, со левата рака ја фати раката на идниот британски крал. Имено, кралските правила велат дека дозволено е само официјално ракување.



Во интервју за BBC, Ед сподели дека неговиот дедо бил голем обожавател на кралското семејство. „Тој умре на овој ден пред четири години... Претпоставувам дека би бил многу горд“ - рече славниот музичар.

