Ева Лонгорија сјаеше на Канскиот филмски фестивал.
49-годишната актерка и режисерка во две атрактивни креации зачекори на црвениот тепих и магнетски ги привлекуваше погледите на сите присутни.
На премиерата на „Emilia Perez“, ѕвездата од „Desperate Housewives“ го истакна својот сексапил во впечатлив фустан со шлиц од високата мода на Тони Вард.















Претходно, на прикажувањето на „Kinds of Kindness“, Ева го разубавуваше црвениот тепих облечена во прекрасна креација од либанскиот дизајнер Ели Сааб.








