На 66-тото издание на Греми, Дуа Липа доби поддршка од една од најважните личности во нејзиниот живот – татко ѝ Дукаѓин.
28-годишната пејачка позираше на црвениот тепих со 54-годишниот директор на косовскиот фестивал „Санихил“. Дуа носеше сребрена креација направена специјално за неа од брендот Courreges. Својот изглед, таа го надополни со обувки од Jimmy Choo и Tiffany & Co. накит.












Дуа се има појавено на неколку настани со родителите, со кои негува многу блиски односи. Дукаѓин секогаш мами комплименти за младоликиот изглед.


Славната музичарка беше номинирана во две категории за песната „Dance The Night Away“ од филмот „Barbie“, а на сцената настапи со „Houdini“.


