Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ - Скопје вчера ги пречека своите ученици во топол и весел амбиент.
Со голема љубов и внимание беше осмислен секој еден детаљ од декорациите, кои особено ги израдуваа првачињата. Радосните ученици беа пречекани од наставничката Биљана Станоевска, специјален едукатор и рехабилитатор, која со насмевка на лицето ќе ги води низ образовниот процес.



Ја пренесуваме нивната објава:
Денес започнува новата учебна година – ден исполнет со возбуда, насмевки и нови предизвици!
Посебни честитки упатуваме до сите првачиња кои првпат ќе седнат во училишните клупи. Ви посакуваме ова патување да биде полно со знаење, радост и пријателства што ќе траат цел живот. Честитки и многу успех и до наставничката на првачиња Биљана Станоевска, специјален едукатор и рехабилитатор.
На нашите наставници им посакуваме многу трпение, инспирација и успех во нивната благородна мисија – да ги водат учениците низ светот на знаењето.
А на родителите благодарност за довербата и поддршката – заедно сме најсилни кога станува збор за иднината на децата.
На сите ученици им посакуваме многу успех, упорност и убави моменти во текот на оваа година. Нека училиштето биде место каде што ќе растете, ќе сонувате и ќе ги остварувате своите желби.
Благодарност до нашата поранешна ученичка Јована која своето искуство од нејзиното образование го сподели со присутните!





