Дрејк беше почестен со наградата Изведувач на деценијата на Billboard Music Awards. На манифестацијата во Лос Анџелес, 34-годишниот рапер се појави со синчето Адонис.
Големата сцена и публиката очигледно не му годеа на малото детенце, па додека Дрејк држеше говор, тоа изгледаше исплашено и силно му ги прегрнуваше нозете.





„Поминав небројни часови обидувајќи се да ги анализирам сите нешта кои сум ги направил погрешно, но вечерва, барем еднаш, сигурен сум дека направивме нешто правилно“ – рече Дрејк, потенцирајќи дека секогаш се труди да биде што подобар и дека е многу самокритички настроен во однос на музиката.
На крајот на говорот, Дрејк го крена 3-годишниот Адонис за да порача дека му ја посветува наградата, а во тој момент, момчето се расплака.




Во рацете на Дрејк заврши и наградата Изведувач со најстримувани песни.

