Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Девојката и мајката на Кристијано Роналдо споделија слатки фотографии од неговите четири деца

Девојката и мајката на Кристијано Роналдо споделија слатки фотографии од неговите четири деца

Додека Кристијано Роналдо е посветен на професионалните обврски, неговото семејство се посветува на грижата за неговите деца.

Неговата девојка Џорџина Родригез и неговата мајка Долорес споделија фотографии со четирите мали деца на Instagram.

Атрактивната Шпанка недиускутабилно ужива во мајчинството и друштвото на малите бебенца. На една од фотографиите таа позира со близначињата Ева и Матео и ќеркичката Алана Мартина во детска соба.

Семејството на Роналдо Семејството на Роналдо Семејството на Роналдо Семејството на Роналдо

Неодамна, Џорџина објави фотографија со Кристијано пред куќата во која тој израсна во Мадеира.

„И одеднаш сфаќаш колку моќна може да биде мислата, сонот, кога живееш позитивно и со надеж. Пред неколку дена, додека се збогувавме од старата година и ја дочекавме 2018 година во Мадеира, ме однесоа во улицата во која порасна мојата љубов. Тоа беше една од тие посебни посети за паметење. Се сликавме кај неговата стара куќа, каде Кристијано порасна. Се сеќавам кога мојот зет Хуго ми раскажуваше анегдоти, насмевката не се симнуваше од моето лице, додека го замислував таму – Крис како дете кое со часови ја шутира топката. Тоа е посебно место, полно е со надеж, соништа, труд и силни мисли кои во еден момент од сништа станаа реалност. Не смееме да дозволиме никој да нè ограничи, да ни кажува колку далеку можеме да стигнеме, а ако некој се обиде тоа да го направи, секогаш мораме да бидеме свесни дека тоа се границите на тој што зборува, а не нашите граници. Беше навистина возбудливо да се види местото каде што легендата порасна“ – напиша Џорџина.

Семејството на Роналдо

Алана Мартина е првото дете на парот. Роналдо во јуни ги доби и близначиња Ева и Матео родени со помош на сурогат-мајка. Тој има и 7-годишен син, Кристијано Џуниор.

Роналдо семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11025 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.