Дамијано Давид и Дав Камерон за првпат се појавија како пар на свечен настан. Новата славна двојка присуствуваше на галата на Клајв Дејвис организирана по повод Греми наградите.
На настанот во хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, 28-годишната актерка и пејачка зачекори во црвена креација. Ѕвездата на Дизни и фронтменот на евровизиските победници Måneskin си разменуваа бакнежи на црвениот тепих.












Дамијано и Дав за првпат беа видени заедно во ноември минатата година, но тие официјално ја немаа потврдено нивната врска.

Дамијано раскина со поранешната девојка Џорџија Солери во јуни минатата година. Тие беа заедно шест години. Камерон претходно беше четири години во врска со колегата од „Descendants“, Томас Доерти.