Цеца Ражнатовиќ се радуваше што нејзината ќерка Анастасија официјално стапи во брак со Немања Гудељ.
Српската пејачка објави фотографија на Instagram на која позира со младенците, за да им посака среќен заеднички живот.
„Да ми сте среќни засекогаш“ – напиша Цеца во описот.

И Вељко Ражнатовиќ објави фотографии на социјалните мрежи. „Добредојде во фамилијата зете“ - напиша тој за Немања.









Анастасија и Немања пред два дена склучија граѓански брак во вилата на Цеца, а минатата година направија и црковна венчавка.
Парот очекуваше бебенце минатата година, но за жал го изгуби во петтиот месец од бременоста.

