Крис Хемсворт и Елза Патаки беа меѓу славните гости на втората вечер од 77-мото издание на Канскиот филмски фестивал.
40-годишниот актер и 47-годишната актерка изгледаа гламурозно и среќно додека заедно позираа пред бројните фоторепортери.
Холивудскиот шармер носеше црни панталони и бело сако, додека неговата сопруга за оваа пригода избра црна креација со длабоко деколте.



Крис и Елза се во брак 14 години и имаат три мали деца.







