Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Гламурозна славеничка: Џенифер Лопез блеска во зелено на забавата за 49-тиот роденден на Бахами

Гламурозна славеничка: Џенифер Лопез блеска во зелено на забавата за 49-тиот роденден на Бахами

Џенифер Лопез со најсаканите го прослави 49-тиот роденден, а со фотографиите од веселбата уште еднаш ги потсети фановите дека со секоја изминатата година од животот изгледа сè поубаво и поубаво.

На интимната забава присуствуваа нејзините близначиња Алекс и Еми, нејзиниот сакан Алекс Родригез со неговите ќерки Наташа и Ела, нејзиниот менаџер Бени Медина и блиски пријатели.

Лопез блескаше во зелен краток фустан од брендот Retrofête, а на раката носеше голем прстен од Cartier со кој поттикна гласини за свршувачка.

Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез

Славната актерка и пејачка сподели фотографии од прославата на Бахами и порака со која им се заблагодари на сите обожаватели за убавите пораки, колажи и видеа, како и за поддршката која ја добивала во текот на кариерата.

„Денот и ноќта беа исполнети со многу смеа, солзи и се разбира, со танцување. Сакав да ви пишам на сите, затоа што бев пресреќна и трогната од напливот на љубов и роденденски желби кои ми ги испративте вчера! Се почувствував неверојатно благословена што ве имам во животот... ви благодарам на сите кои склопивте роденденски колажи, видеа и испративте роденденски желби! Многу среќна девојка сум што имам толку лојални фанови и следбеници. Сакам да знаете дека никогаш не ве земам здраво за готово и дека сум бескрајно благодарна за сите вас! Се надевам дека секогаш ќе продолжам да ве забавувам и инспирирам и да споделувам со вас сè што имам научено на каков што можам начин. Искрено тоа е најголемиот роденденски подарок кој Бог ми го има дадено!“ – пишува таа.

Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез

Џеј Ло сподели и две фотографии на кои позира по бикини и примами море од комплименти за одржаното тело.

Роденденот на Џенифер Лопез Роденденот на Џенифер Лопез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.