Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Гантер“ од „Пријатели“ сподели дека има рак на простата во четврти стадиум и е делумно парализиран

„Гантер“ од „Пријатели“ сподели дека има рак на простата во четврти стадиум и е делумно парализиран

Џејмс Мајкл Тајлер води тешка битка. Актерот, познат по улогата на Гантер од хит-серијата „Friends“, боледува од рак на простатата.

59-годишниот Американец сподели дека болеста моментално е во четврт стадиум и се проширила на неговите коски. Како последица на тоа, Тајлер останал делумно паразлизиран.

Џејмс Мајкл Тајлер

„Ми дијагностицираа напреднат рак на простатата, кој ми се прошири на коските. Се борам со оваа дијагноза речиси три години. Сега е во четврт стадиум. Доцен стадиум на рак. Па веројатно, знаете, ќе ме победи“ – изјави тој.

Џејмс бил на 56-годишна возраст кога за време на рутинско испитување му била откриена болеста. На почетокот, тој бил на медикаментозна терапија.

„Терапијата функционираше одлично во текот на една година. Сè што требаше да правам беше да пијам апче наутро и навечер, животот ми беше прилично нормален. Се чувствував добро, искрено, немав симптоми. Не чувствував никакви симптоми“ – додава Тајлер во интервјуто за Today.

Џејмс Мајкл Тајлер

Кон почетокот на пандемијата со КОВИД-19, докторите откриле дека ракот се проширил и на коските, што довело до парализа на долната половина од неговото тело.

„Пропуштив да одам на тестирање, што не беше добро нешто. Па ракот одлучи да мутира за време на пандемијата и така напредуваше“ – објаснил Тајлер.

Познатиот актер апелира до сите мажи почесто да прават ПСА тест кој го мери количеството на простата специфичен антиген во крвта, за да може ракот да биде дијагностициран во пораните фази.

ВИДЕО

Во специјалната епизода за обединувањето на актерите од „Пријатели“, накратко се појави и Џејмс.

Џејмс Мајкл Тајлер Џејмс Мајкл Тајлер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.