Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Џамбазов... Македонски музичари ја изведуваат „Чукни во дрво“

Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара, Џамбазов... Македонски музичари ја изведуваат „Чукни во дрво“

Бројни македонски артисти ги здружија силите и ја изведоа култната песна „Чукни во дрво“ од домашна изолација.

Влатко Стефановски, Калиопи, Тамара Тодевска, Весна Гиновска Илкова, Симон Трпчески, Андријана Јаневска, Ленче и Горан Кукиќ, Игор Џамбазов, Бени, Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, Вера од Љубојна, Влатко Лозаноски, Пере од Нокаут, Миле Кузмановски и Васил Зафирчев ги соединија своите гласови и позитивни енергии во изведбата која беше снимена во организација на МРТ.

Свој придонес во проектот дадоа и Мандолинскиот оркестар „Скопје“ во аранжман и под диригентска палка на Ерхан Шукри, Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.