Џенифер Лопез шармира од страниците на Variety.
Во интервјуто за списанието, 54-годишната пејачка и актерка зборуваше за новиот проект „This Is Me… Now“ за чие финансирање издвоила 20 милиони долари од својот буџет. И не само тоа... Лопез ги споделила со текстописците приватните писма кои сопругот Бен Афлек ѝ ги има пишувано за да послужат како инспирација за песните од албумот.
„This Is Me… Now“ е проект составен од три дела – мјузикл, албум и документарен филм. Секој од нив ја раскажува љубовната приказна на парот познат како „Бенифер“.




Романсата меѓу Лопез и Афлек започна кон средината на 2002 година и траеше до 2004 година. Тие се разделија пред планираната свадба поради притисокот кој дојде од преголемото медиумско внимание.
„Нашата врска се сруши под тежината на притисокот. Изгубивме смисла за нас и требаше да се разделиме затоа што не знаевме како да го преживееме тоа. Морав да се осознаам себеси, како и тој“ – рекла таа.



Лопез објасни дека сите нејзини блиски личности ѝ велеле дека новиот проект е лудост, но и покрај тоа, таа одлучи да го реализира.
„Сите мислеа дека сум луда. И јас мислев дека сум луда“ – рекла таа.

