Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вирален гиф: Елајџа Вуд од „The Lord of the Rings“ се претвора во Даниел Редклиф од „Harry Potter“

Вирален гиф: Елајџа Вуд од „The Lord of the Rings“ се претвора во Даниел Редклиф од „Harry Potter“

Сличноста помеѓу Елајџа Вуд и Даниел Редклиф ја пробуди креативноста кај еден корисник на Imgur. Тој создаде гиф во кој покажува колку заеднички црти на лицето имаат двата синооки холивудски актери.

Гифот прикажува фотографија од Елајџа, познат по улогата на Фродо Бегинс од „Господарот на прстените“, која полека се претвора во фотографија од Даниел, познат како волшебникот Хари Потер.

Виралниот гиф за само неколку дена е прегледуван речиси 8 милиони пати на Imgur.

View post on imgur.com
Даниел и Елајџа Даниел и Елајџа Даниел и Елајџа

Пред 4 години, Редклиф во шоуто на Грем Нортон раскажа дека за време на премиера на свој филм во Јапонија, некој му побарал автограм подавајќи му фотографија од Елајџа Вуд за да ја потпише. Не можејќи да објасни на јапонски јазик дека тоа не е негова фотографија, Даниел напишал „Не сум Елајџа Вуд, Со љубов, Даниел Редклиф“.

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.