Викторија Лоба сподели со обожавателите моменти од нејзината венчавка. Македонската пејачка објави нови фотографии од црковната церемонија во Св. Јован Канео во Охрид.
На првата фотографија, таа наздравува со саканиот Ѓорги Калешов.
Венчавката се одржа на 28 август. Среќната невеста носеше венчаница од ателјето на дизајнерката Моника Коцарева.






