Кристина Агилера беше дел од славните гости на 66-тото издание на Греми.
43-годишната пејачка ја истакна тенката фигура откако во изминатите години ослабе повеќе од 18 килограми. За свеченоста во Лос Анџелес таа избра син припиен фустан со долги ракави од брендот Standing Ground.








На сцената ѝ се придружи Малума и заедно ѝ доделија награда на Керол Џи.





Агилера беше мета на многу коментари за зголемената тежина по раѓањето на синот Макс во 2008 година. Кратко време по породувањето, таа започна да слабее за нејзината улога во филмот „Burlesque“.
Нејзините килограми се зголемуваа и намалуваа со текот на годините сè додека не се насочи кон здрава и балансирана исхрана и строг режим на вежбање.



Агилера мамеше погледи со витката фигура за време на концертите во Лас Вегас.
