Средбата на Сара Џесика Паркер и Шекил О’Нил стана вистински хит.
Ѕвездата од „Сексот и градот“ и легендарниот кошаркар позираа заедно на настан организиран од „Warner Bros“, а фотографиите наидоа на бројни коментари поради разликата во нивната висина.
52-годишниот спортист е висок 2,16 метри, додека 59-годишната филмска актерка е висока 1,60.
Паркер за оваа пригода носеше модерен бел фустан.