Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Тијана со спектакуларен настап како Пинк во „Твоето лице звучи познато“, Каролина имаше само пофалби

ВИДЕО: Тијана со спектакуларен настап како Пинк во „Твоето лице звучи познато“, Каролина имаше само пофалби

Тијана Дапчевиќ си обезбеди место меѓу финалистите на „Твоето лице звучи познато“.

Популарната пејачка настапи како Пинк со песната „Just Like Fire“. Динамичната изведба на поп-хитот е копија на кореографијата на Пинк на „Billboard Music Awards“.

Каролина Гочева, која беше специјален член на жирито, имаше само комплименти за интерпретацијата. „Драга моја, јас морам на македонски, со Тијана не ми е природно да зборувам на друг јазик. Ова што го направи... Спектакл е мал збор за ова што го направи вечерва. Знаеме сите колку си талентирана. Ова е баш таков формат, такво шоу каде цел твој раскошен талент доаѓа до израз и мила моја јас сум вечерва многу горда на тебе“ – рече Каролина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11042 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.