Тревис Келси го поведе својот клуб Канзас Сити Чифс во победа и се пласираше на овогодишниот Супер Боул.
34-годишниот играч на американски фудбал имаше силна поддршка од својата девојка Тејлор Свифт, која на крајот од мечот слезе на теренот за да прослави со него. Успешната музичарка со прегратка и бакнеж му честиташе за успехот на својот сакан пред очите на целиот свет.








Travis and Taylor ️ pic.twitter.com/9FlGKczWd4
— NFL (@NFL) January 28, 2024
Братот, мајката и таткото на Тревис исто така беа покрај него во овој важен момент.











Најпопуларниот пар во Америка за првпат се појави заедно во јавност кон средината на октомври минатата година.
