Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Настапот на Џастин Тимберлејк на Супер Боул кој наиде на измешани критики

ВИДЕО: Настапот на Џастин Тимберлејк на Супер Боул кој наиде на измешани критики

Џастин Тимберлејк одржа спектакуларен настап на полувремето на Супер Боул, кој оваа година се одржа во Минеаполис, но наиде на измешани критики.

37-годишниот пејач најпрво изведе дел од своите големи хитови како „Rock Your Body“, „SexyBack“ и „Cry Me a River“, а потоа настапи со песната „I Would Die 4 U“ од Принц. Додека го пееше хитот на Принц, публиката гледаше проекција на платно од музичката легенда која почина пред две години. Таа постапка ја подели јавноста.

Покрај за проекцијата, Џастин доби негативни коментари за озвучувањето и аутфитот.

Целосниот настап на Тимберлејк:

Во интервју во 1998 година, Принц изјавил дека е против користење на холограми за вклучување на веќе починати музичари во нови концерти. „Тоа е најдемонското нешто кое може да се замисли. Сè треба да биде како што е. Ако јас требаше да пеам со Дјук Елингтон, ние ќе живеевме во исто време. Целата оваа ситуација со виртуелната реалност е навистина демонска. Исто така, тоа што го направија со песната на Битлси (Free As A Bird), манипулирајќи го гласот на Џон Ленон, за тој да пее од гробот... тоа никогаш нема мене да ми се случи“ – изјавил Принц.

Првичните шпекулации беа дека холограм од Принц ќе биде прикажан на сцената заедно со Џастин.

Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул Супер Боул

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27138 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.