Објавен е краток трејлер за „Another Simple Favor“.
Филмот е продолжение на трилерот „А Simple Favor“ со Блејк Лајвли и Ана Кендрик кој ги исполнуваше киносалите пред неколку години.

Првиот дел ја следи приказната за Стефани (Ана Кендрик) и Емили (Блејк Лајвли) кои формираат пријателство благодарение на нивните мали синови кои се соученици.
Стефани е скромна самохрана мајка, на која покрај грижата за детето главна преокупација ѝ е влогот со видеа за родители. Нејзиниот живот комплетно се менува откако ќе ја запознае Емили, смела, модерна и гламурозна дама, со која водат дијаметрално различни животи.
По кратко време, Емили мистериозно исчезнува, а Стефани неуморно се залага да помогне во пронаоѓањето на нејзината пријателка, што доведува до откривање на големи тајни.
Во вториот дел, Стефани и Емили повторно се обединуваат за екстравагантната венчавка на Емили со богат италијански бизнисмен на островот Капри.
Очекувајте нови пресврти, предавства и убиства кои ќе ве држат во неизвесност до самиот крај. Погледнете го трејлерот:






