Бред Пит и Џорџ Клуни повторно се обединија за нов филмски проект. Холивудските шармери ја снимија новата акциона комедија „Wolfs“, а сега беше објавен официјалниот трејлер.
Филмот следи двајца професионалци (Бред и Џорџ) кои се ангажирани да расчистат и сокријат големо криминално дело. Иако не се соработници, тие се принудени да работат заедно.
Погледнете каде ќе ги одведе лудата ноќ во завршувањето на работата:
Пит и Клуни заедно имаат работено на повеќе филмови, меѓу кои „Burn After Reading“ и франшизата „Oceans“.






