Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Веднаш по породувањето Џорџина Родригез сподели прекрасна фотографија со првото дете со Кристијано Роналдо

Веднаш по породувањето Џорџина Родригез сподели прекрасна фотографија со првото дете со Кристијано Роналдо

Џорџина Родригез одлично закрепнува по породувањето. Откако го роди нејзиното прво дете со Кристијано Роналдо, таа сподели фотографија со новороденчето.

На фотографијата, Џорџина седи опкружена со букети цвеќиња и со мислост ја гледа ќеркичката Алана Мартина.

Во нејзината порака на Instagram се вели:

„Алана Мартина се роди на 12.11.2017. Станувањето мајка и растењето на нашите малечки кои се дома ми дава неверојатна среќа, а сега, со доаѓањето на Алана Мартина, ние сме комплетни, и уште посреќни од претходно. Сакам да му се заблагодарам на болничкиот персонал за нивната беспрекорна грижа и што се грижеа за мене пред, за време и по породувањето. Исто така, сакам да им се заблагодарам на нашите семејства и пријатели за повиците, пораките, посетите и малите подароци кои ми ги даваа за време на бременоста и по раѓањето. И последно, но не помалку важно, на сите наши следбеници кои нè поддржуваа и ни испраќаа добри желби и добра енергија во форма на пораки.“

„Многу сме среќни и сме му благодарни на Бог за здравјето на нашата Алана Мартина и се разбира, на нашите три други деца, кои ги опсипувам со прегратки и бакнежи. Прекрасно е да се види како мојата мајка ја смирува Алана Мартина во нејзината прегратка. Не би го заменила тоа чувство за ништо на светот. Ги сакам моите родители, го сакам моето семејство. Ви благодарам на сите!“

Роналдо ја сподели веста за раѓањето на девојчето со фотографија од болницата во Мадрид.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Ова е четврто дете на Кристијано Роналдо. Пред само неколку месеци, славниот фудбалер ги доби близначињата Ева и Матео кои беа родени со помош на сурогат-мајка. Тој е татко и на 7-годишниот Кристијано Џуниор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.