Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бруно Марс триумфира на Греми, Џеј Зи од најмногу номинации остана со празни раце

Бруно Марс триумфира на Греми, Џеј Зи од најмногу номинации остана со празни раце

Најдобрите во музичката индустрија за годината која измина синоќа беа наградени со златни грамофони. 60-тото издание на Греми се одржа во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, а го водеше Џејмс Корден.

Бруно Марс беше најголем победник на вечерта со освоени шест награди. 32-годишниот пејач ја доби наградата Албум на годината за „24K Magic“, Запис на годината за „24K Magic“ и Песна на годината за „That’s What I Like“.

Греми 2018

Овие песни беа напишани само со радост, со љубов и со овој албум сакав само сите да танцуваат“ - изјави Марс.

Раперот Кендрик Ламар се закити со пет награди, меѓу кои Најдобар рап албум за „DAMN.“ и Најдобра рап песна за „Humble”.

Греми 2018

Алесија Кара беше прогласена за Најдобар нов артист.

Греми 2018

За Ед Ширан, кој не присуствуваше на свеченоста, беа резервирани наградите Најдобар поп вокален албум за „÷ (Divide)“ и Најдобра поп соло изведба за „Shape of You“.

Џеј Зи, кој имаше дури осум номинации, не успеа да победи во ниту една категорија.

Греми 2018

Иако „Despacito“ недискутабилно ја одбележа 2017 година, не заработи златен грамофон.

Целосната листа на добитници на Греми можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.