Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бригит Нилсен го претстави пред светот бебенцето кое го роди на 54 години

Бригит Нилсен го претстави пред светот бебенцето кое го роди на 54 години

Кога пред два месеца објави дека е во блажена состојба, Бригит Нилсен привлече огромно внимание поради одлуката да го роди петтото дете на 54 години.

Со семејна фотосесија, актерката ја претстави пред светот едномесечната ќеркичка која го доби името Фрида.

Бригит Нилсен

Во интервју за списанието People, таа сподели дека со сопругот Матија Деси 10 години посакувале да имаат дете и дека си ја оствариле желбата благодарение на ин витро. „Со сопругот го чекавме ова многу години. Конечно имам моја мала принцеза. Станувањето мајка е најубавото нешто на светот... Патот е многу долг. Сакам жените да знаат дека сè е возможно, но мора да бидат реалистични. Ако не сакаш да користиш јајца клетки од донор, мораш да зачуваш твои на разумна возраст“ - вели Нилсен, која замрзнала свои јајце клетки на 40-годишна возраст.

Бригит Нилсен

Бригит им порачува на другите жени никогаш да не се откажуваат од сонот да станат мајки, без оглед на возраста, но и искрено вели дека процесот на оплодување со ин витро може да биде скап, долг и полн со разочарувања. „Мислам дека на моменти се чувствуваш осамено, затоа што многу жени не зборуваат една со друга за тоа. Треба да се држиме за раце, бидејќи нема ништо лошо во тоа да сакаш да имаш бебе кога имаш 20, 30, 40 или, во мојот случај, 50 години“ - порачува таа.

Бременоста на Нилсен поттикна најразлични коментари. Додека некои ја опсипуваа со пофалби, други ја критикуваа. Коментирајќи го својот избор, таа вели: „Дали сфаќам дека луѓето се малку скептични? Да, сфаќам. Исто така го почитувам фактот дека не секој го сака ова и се согласува со него, но ова е мој живот“.

Бригит Нилсен

Бригит и Матија се во брак од 2006 година. Ова е нејзин петти брак. Контроверзниот модел, кој во се разведе од Силвестер Сталоне во 1987 година, има четири возрасни сина од кои најголемиот има 34 години.

Бригит Нилсен Бригит Нилсен Бригит Нилсен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.