Ана Курникова и Енрике Иглесијас ги растат своите три деца подалеку од љубопитните очи на јавноста, но понекогаш папараците успеваат да уловат делче од нивниот живот.
43-годишната поранешна тенисерка беше фотографирана додека ги носеше двете
На фотографиите, Николас е облечен во спортски дрес, црвени патики и сина маица, а Луси и Мери се складно облечени во цветни комбинации.






Ова семејно појавување во јавност е реткост, особено со трите деца одеднаш. Претходните месеци, Ана и Енрике беа фотографирани со синот, а потоа таа сама беше „уловена“ од папараците со ќеркичките.









Парот е заедно повеќе од две децении, а ретко споделува семејни моменти на социјалните мрежи. Извор близок до Ана и Енрике изјави дека тие уживаат да ги растат децата подалеку од јавноста.
„Ана и Енрике никогаш не сакале да бидат во центарот на вниманието и тој став само е поцврст откако имаат деца. И двајцата обожаваат да бидат родители и да поминуваа време со нивните деца“ – рекол изворот.


