Бред Пит беше меѓу гостите на премиерата на биографскиот филм за Боб Марли во Лос Анџелес.
На прикажувањето на „Bob Marley: One Love“, 60-годишниот актер изгледаше младолико во црн стајлинг. Актерот позираше и со ѕвездата од филмот Кингсли







Откако претходно многумина забележаа дека холивудскиот заводник „старее“ наназад, односно дека се подмладува, на интернет се појави видео од доктор по естетска медицина кој тврди дека Пит си има направено операција за лифтинг на лицето.
Џони Бетериџ сними видео во кое објаснува зошто смета дека изгледот на Бред е дело на естетската хирургија, поточно на операција која чини од 100 илјади долари нагоре и за која е потребен период од 2-3 месеци за закрепнување. Тоа брзо стана вирален хит.
Актерот никогаш досега нема признаено дека има легнато под нож за да си го подобри естетскиот изглед.

