Ќеркичката на Борко Ристовски пред неколку дена наполни една година. Ракометниот голман со сопругата Нина го прославија роденденот на нивната мала принцеза заедно со нејзината крштевка.
На социјалните мрежи тие споделија фотографии од слатката веселба за нивната ќеркичка. На нив, брачниот пар позира со славеничката Анастасија и синот Душан, а покрај нив се и дел од нивните гости.
„Ви благодарам на сите кои не удостоивте со вашето присуство на овој специјален ден за мене и моето семејство. Роденден и крштевање на мојата принцеза Анастасија. Биди ми жива, здрава и од Бога благословена!“ – стои во описот на фотографиите објавени од Борко.

„Ви благодарам на сите кои бевте дел од овој за мене и мојата фамилија најпрекрасен ден. Роденден и крштевање на мојата Анастасија. Да си ми жива и здрава, од Бога благословена, секогаш со убави луѓе опкружена, почитувана и сакана. Мама засекогаш ќе те гушка и гали“ – напиша Нина на Instagram постот со објавените фотографии.









