Бијонсе и Џеј Зи го завршија европскиот дел од турнејата „On the Run II“. Во периодите помеѓу осумнаесетте концерти, музичкиот пар уживаше на популарни дестинации заедно со ќерката Блу Ајви и малите близначиња.
36-годишната пејачка сподели албум со приватни фотографии од нејзините модни комбинации, уживањата на јахта и посетите на музеи. На една од фотографиите, таа ги држи во рацете едногодишните близначиња Руми и Сер.
„Благодариме Европа за прекрасните спомени. Едвај чекаме да се вратиме“ - напиша таа на својот сајт.