Пред да ја продолжат заедничката турнеја „On the Run II“ во Северна Америка, Бијонсе и Џеј Зи решија да ги искористат деновите поминати во Европа за да поуживаат на прекрасни дестинации.
Музичкиот пар беше уловен од папараците на повеќе локации на италијанското и француското крајбрежје.
36-годишната пејачка и 48-годишниот рапер патуваат заедно со трите деца – шестгодишната Блу Ајви и едногодишните близнаци Руми и Сер.
Луксузната јахта на која уживаше славното семејство ќе го освои секого: