Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бејби Лазања се расплака на дочекот во Загреб по освојувањето на второто место на Евровизија

Бејби Лазања се расплака на дочекот во Загреб по освојувањето на второто место на Евровизија

Повеќе од 5 илјади лица се собраа на плоштадот во Загреб за да го дочекаат својот музички миленик Бејби Лазања, кој на овогодишната Евровизија застана на второто место.

28-годишниот Хрват, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, не можеше да си ги задржи солзите од силните емоции кои ги чувствуваше додека фановите громогласно му аплаудираа. Тој беше дочекан како херој од огромната толпа пред која ја отпеа песната со заразен ритам „Rim Tim Tagi Dim“.

„Очекував 20 души на аеродромот и тука околу стотина, но не знам што да речам. Ви благодарам, се надевам дека сте среќни“ – рече тој пред да биде обземен од емоциите.

Бејби Лазања

Харизматичниот музичар ја шармираше евровизиската публика и многумина прогнозираа дека токму тој ќе биде победник.

Бејби Лазања Бејби Лазања

„Не знам што да ви кажам и како да ви се заблагодарам. Внесовте многу среќа, радост и гордост во моето срце, во срцето на моето семејство и на мојот тим. Благодарам не е доволно, но додека не најдам нешто подобро - благодарам“ – напиша тој во описот на видео од дочекот.

Бејби Лазања

Потсетете се на песната „Rim Tim Tagi Dim“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25659 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.