Анџелина Џоли посети продавница на H&M во Лондон заедно со ќерка си Вивиен.
46-годишната ѕвезда од „Eternals“ ја прегрнуваше и држеше за рака 13-годишната девојка додека избираа облека. Џоли носеше палто од Долче и Габана, додека Вивиен беше облечена во спортска комбинација.












Вивиен е најмладата биолошка ќерка која Анџелина ја има со поранешниот партнер Бред Пит. Таа е мајка на 5 други деца.
Во моментов, Џоли го промовира најновиот филм „Eternals“. Пред неколку дена, на црвениот тепих во Рим се појави со ќерките Захара и Шајло.
