Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли со моќен говор на холивудски настан посветен на жените

Анџелина Џоли со моќен говор на холивудски настан посветен на жените

Анџелина Џоли беше меѓу ѕвездите кои одржаа говор на настанот „Women in Entertainment“, организиран од The Hollywood Reporter.

Иако свеченоста беше посветена на дамите во забавната индустрија, во својот говор 42-годишната актерка се фокусираше на жените низ целиот свет и ги охрабри своите колешки да им дадат глас на оние чиј глас никогаш не е слушнат и да ги раскажат приказните на жени кои од различни причини немаат можност да се изразат слободно и да ја покажат својата креативност.

Анџелина Џоли

„Ние имаме слобода да бидеме артисти – слобода да креираме, бестрашно да го предизвикаме авторитетните, да ѝ се смееме на моќта и да поттикнуваме други да се смеат со нас. Имаме право да ја зборуваме вистината како што ние ја гледаме.“

„Ние имаме ниво на слобода кое е незамисливо за милиони други жени ширум светот – жени кои живеат во конфликт и тероризам и расселување и сиромаштија, кои никогаш не добиваат шанса, чии гласови се секогаш стишувани. Ние не ги наведнуваме главите, не размислуваме дали филмот кој го снимаме или нашиот коментар за политиката или шегата која ја кажуваме на сцена може да нè однесе в затвор, каде може да бидеме измачувани или казнети. Ние немаме цензура. Ние не мора да се мислиме дали глумењето во претстава или пеењето на телевизија ќе донесе насилство или нечесност врз нашите семејства. Не мора да ги кроиме нашите алишта или нашите мислења според она што е прифатливо за религиозните власти или насилните екстремистички групи... Има жени низ светот кои се соочуваат со сериозна опасност и се повредувани само поради тоа што имаат глас и мислење“ – рече таа.

Слушнете го целиот говор:

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27159 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.