Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли сними фотосесија со двете ќерки и откри една животна лекција која им ја пренесува

Анџелина Џоли сними фотосесија со двете ќерки и откри една животна лекција која им ја пренесува

По повод Меѓународниот ден на жените, Анџелина Џоли сними фотосесија заедно со своите две ќерки за мартовското издание на Elle.

42-годишната холивудска актерка и режисерка позираше со 11-годишната Шајло и 9-годишната Вивиен и откри една животна лекција која им ја пренесува на своите девојчиња.

Анџелина за Elle

„Им кажувам на моите ќерки: Она што ве издвојува е она што вие сте склони да го направите за другите. Секој може да облече фустан и да се нашминка. Вас ве дефинира вашиот ум. Дознајте кои сте, што мислите и за што се залагате. И борете се за другите да ги имаат истите тие слободи“ – изјавила Џоли.

Анџелина за Elle Анџелина за Elle

„Размислувам за тоа колку многу жените се бореле за да нè доведат токму каде што сме денес. Сè е важно, од начинот на кој се претставуваш себеси во секојдневниот живот и се едуцираш за сопствените права, до солидарноста со другите жени ширум светот“ – додала славната актерка.

Анџелина за Elle Анџелина за Elle Анџелина за Elle

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11960 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.