Ана Ивановиќ шармираше на настан на компанијата Schwarzkopf, со која штотуку започна соработка.
За свеченоста во Берлин, 36-годишната Србинка избра црн фустан со разголен грб и исечоци околу половината. Кадифената креација одлично ја истакна нејзината витка фигура.
Убавата сопруга на Бастијан Швајнштајгер имаше дискретна шминка, а со нејзината насмевка инстантно освојуваше погледи.













