Адријана Лима ги остава ангелските крилја?
Привлечната Бразилка ги зачуди своите фанови со порака во која тврди дека веќе нема да се соблекува без причина. Многумина останаа со впечаток дека тоа значи крај на нејзината долгогодишна соработка со Victoria's Secret.

„Добив телефонски повик за можност за снимање на секси видео од мене за да биде објавено и споделувано на социјалните мрежи. Иако досега имам снимено многу вакви видеа, нешто се промени во мене кога пријателка ми пријде за да сподели со мене дека не е среќна со изгледот на телото. Тоа ме натера да се замислам дека секој ден од мојот живот се будам со мислата: Како изгледам? Дали ќе бидам прифатена на работа? И во тој момент сфатив дека мнозинството од жените веројатно се будат секое утро обидувајќи се да се вклопат во стереотипот кој го налагаат општеството/социјалните медиуми/модата итн. Сметам дека не треба да се живее така и дека не е здраво физички и ментално... Нема веќе да ги соблекувам алиштата за празна причина...“
Во истата објава на Instagram, Лима порача: „И јас имам нешта кои ме прават несигурна и веќе не се плашам да ги покажам, тие се дел од мене. Мојата работа ме поставува под силен притисок да изгледам на одреден начин, па мислев како ние жените носиме толкав товар... Преку глава ми е од налагањата, ние како жени не можеме да продолжиме да живееме во свет со вакви површни вредности, не е фер кон нас и не е здраво физички и ментално тоа што општеството ни го налага да бидеме, како да се однесуваме, како да изгледаме... Сакам да го променам тоа, во име на баба ми, мајка ми и сите нејзини претци кои биле етикетирани, присилувани, неразбирани и морале да живеат според Општеството. Ќе ја направам таа промена. Ќе започнам од себе.“
36-годишниот модел пред само три недели изјави дека не планира да се пензионира како „ангел“ и дека планира да биде дел од ревиите на VS најмалку уште 2 години. „Уште две години. Можеби и повеќе, не знам“ - рече таа.


