Адел со нова музика ќе се врати на сцената. 33-годишната пејачка сподели кратко видео со кое ја најавува новата песна.
„Easy On Me – 15 октомври“ – пишува таа на социјалните мрежи.
Песната се очекува да биде дел од најновиот албум на Адел, кој според гласините, ќе биде насловен „30“.
Досега сите албуми на Адел означуваат години од нејзиниот живот. Претходниот, односно „25“, беше објавен во 2015 година.