Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел изгледа неверојатно во првите фотосесии по слабеењето, зборуваше за разводот, анксиозноста и трансформацијата

Адел изгледа неверојатно во првите фотосесии по слабеењето, зборуваше за разводот, анксиозноста и трансформацијата

Адел направи вистински БУМ. 33-годишната пејачка е првата славна личност која во ист месец стана ѕвезда на британското и американското издание на „Вог“.

За едиторијалите, талентираната музичарка носеше креации од врвни брендови како Долче и Габана, Валентино, Гучи, Сен Лоран, Ралф Лорен и Диор.

Адел Адел

Во интервјуто за модната библија, таа зборуваше за бракот со поранешниот сопруг, Сајмон Конеки, за слабеењето и за новиот љубовен партнер Рич Пол.

Адел поднесе документи за развод од Сајмон во 2019 година. Таа признава дека не беше среќна во бракот и моментално е на пат да ја пронајде вистинската среќа.

„Јас само се движев низ животот и не бев среќна. Ниту еден од нас не направи ништо лошо. Не се повредивме еден со друг или нешто слично. Само помислував: ‘Сакам мојот син да ме види како навистина сакам и сум сакана’. Тоа навистина ми е важно“. Оттогаш сум на пат да ја пронајдам вистинската среќа“ – признала Адел.

Адел и Симон сега живеат многу блиску еден до друг. „Му верувам со мојот живот. Дефинитивно ја избрав совршената личност со која ќе имам дете. Сè уште имаме вечери кога си организираме семејно кино. Тој не е само еден од моите бивши. Тој е таткото на моето дете“ – изјавила Адел.

Адел Адел Адел

Адел една година се борела со анксиозноста и барала начин како да си помогне. Излезот го пронашла во вежбањето и тоа довело до нејзината физичка трансформација.

„Одев често на ‘бањи со звук’. Многу медитирав. Имав доста терапии и минував многу време самата со себе. Фитнес салата беше клучот, тоа беше време за мене. Сфатив дека немам анксиозност додека вежбам. Никогаш не беше целта слабеење. Иако, сметав дека ако можам телото да си го направам физички силно, тогаш можеби ќе можам да си ги зајакнам и емоциите и мислите“ - открила славната пејачка.

Адел Адел

Адел моментално е во врска со НБА агентот Рич Пол, со кого долго време претходно биле пријатели. „Тој отсекогаш беше тука, но јас не го гледав на таков начин. Се чувствувам безбедно со Пол. Не се чувствувам анксиозно или нервозно, туку сосем спротивно. Лудо е. Јас сум 33-годишна разведен мајка на момче. Последното нешто што ми треба е некој кој не знае каде е или што сака. Јас знам што сакам и навистина знам што не сакам“ – додала таа.

Адел Адел Адел Адел Адел Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11851 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.