Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека освен што е врвен тенисер, е и семеен човек силно приврзан за своите две деца.
По тешката победа над Тејлор Фриц во четвртфиналето на УС Опен, српскиот ас не заборави на еден многу посебен повод – осмиот роденден на неговата ќерка Тара.
Ноле ѝ подари специјален танц на ќеркичката, инспириран од хитот „Soda Pop“ кој моментално е вирален хит меѓу најмладата публика. Тој сподели фотографија од слаткиот момент и напиша:
„За Тара. ‘Soda popping’ во полуфинале. P. S. она кога ќе излезеш кога е најтешко и ќе победиш“.

Novak Djokovic is dancing into the semifinals of the US Open. pic.twitter.com/SgyMP6y1kr
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
По мечот, емотивниот Новак го сподели задоволството не само од победата, туку и од можноста да ѝ подари нешто посебно на својата ќерка.
„Да, 20 минути пред полноќ... ова е голем подарок за неа. Танцот на крајот од мечот беше за Тара. Во прашање е песната ‘Soda Pop’ која е популарна глобална за децата и тинејџерите. Дома правиме различни кореографии, а ова е една од нив. Се надевам дека ќе ја насмеам кога ќе се разбуди утре наутро“ – изјавил тој.




Тара вообичаено е на трибините и навива за својот татко. На Олимписките игри минатата година, таа носеше натпис: „Тато е најдобар“ и не погреши.


Полуфиналната пресметка меѓу Ѓоковиќ и Алкараз е планирана за попладневните часови по европско време в петок. Едно е сигурно – Ѓоковиќ ќе биде максимално подготвен, а Тара сигурно повторно ќе навива пред малите екрани.
Еве ја и виралната песна „Soda Pop“ од анимираниот филм „KPop Demon Hunters“: