Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Breaking Bad“ триумфираше на Еми 2014

„Breaking Bad“ триумфираше на Еми 2014

Најдобрите на малите екрани синоќа се закитија со статуетки „Еми“.

„Breaking Bad“ со пет награди замина во телевизиската историја. Популарната серија за професор по хемија, кој влегува во светот на дрогата по откривањето дека боледува од рак на белите дробови, беше прогласена за Најдобра драмска серија.

За последната сезона на „Breaking Bad“, Брајан Кренстон ја доби наградата за Најдобар актер во драмска серија, Арон Пол наградата Најдобар актер во споредна улога во драмска серија, а Ана Ган наградата Најдобра актерка во споредна улога во драмска серија.

Арон Пол, Ана Ган и Брајан КренстонАрон Пол, Ана Ган и Брајан Кренстон

Џулијана Маргилес ја доби наградата Најдобра актерка во драмска серија за „The Good Wife“.

Џулијана МаргилесЏулијана Маргилес

Џим Парсонс од серијата „The Big Bang Theory“ ја освои наградата за Најдобар актер во ТВ серија комедија, а Џулија Луис-Дрејфус од „Veep“ беше прогласена за Најдобра актерка во ТВ серија комедија.

Џим ПарсонсЏим Парсонс

Екипата на „Modern Family“ ја збогати својата колекција статуетки со наградата за Најдобра ТВ серија комедија.

Екипата на „Modern Family“Екипата на „Modern Family“

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.