На овогодишното доделување на Оскарите, како најголем победник се издвои „Anora“.
Режисерското остварување на Шон Бејкер победи во категоријата Најдобар филм, на Шон му го донесе Оскарот за Најдобар режисер, а на Мајки Медисон статуетката за Најдобра актерка. Филмот беше лидер и во категориите Најоригинално сценарио и Најдобра монтажа. Шон стана прва личност во историјата која има освоено 4 статуетки за еден ист филм.


Адриен Броди се закити со уште една златна статуетка за Најдобар актер за филмот „The Brutalist“, за кој влезе во улога на Евреин кој го преживеал Холокаустот.

Во категоријата Најдобар актер во споредна улога победи Киран Калкин, братот на актерот од „Сам дома“. Тој го доби Оскарот за „A Real Pain“, додека истата награда во женска конкуренција ѝ припадна на Зои Салдана за „Emilia Pérez“.


Најдобар меѓународен филм е „I’m Still Here“ од Бразил, додека за Најдобар анимиран филм е прогласен „Flow“. Најдобрата оригинална песна е „El Mal“ од „Emilia Pérez“.
„No Other Land“ доби оскар за Најдобар документарец.
Сите добитници можете да ги видите ТУКА.
