Роберт Де Ниро со насолзени очи зборуваше за 9-месечната ќеркичка Џиа.
80-годишниот актер се отвори за чувствата кои ги има кон своето седмо дете кое го доби во април со девојката Тифани Чен. Во интервјуто за списанието AARP, холивудската ѕвезда рече дека грижите му исчезнуваат која ќе ја види слатката Џиа.

„Чувството е одлично. Со што и да сум обземен или загрижен едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам. Чудесно е“.
„Кој знае дали ќе биде така кога ќе порасне. Но, сега има многу сладок начин на кој те гледа, те прифаќа, размислува, разгледува и набљудува“ – вели тој во видеото додека во позадина се прикажуваат фотографии од бебето.
„Сакам да бидам наоколу колку што можам подолго за да уживам во тоа, да уживам во неа“ – додава тој.
Де Ниро и Тифани беа фотографирани заедно во јули 2022 година во Шпанија, а на 6 април минатата година добија бебе.



Најголемото дете на Роберт има 52 години. 52-годишната Дрена тој ја посвои кога се ожени за Даен Абот, со која го има и 47-годишниот Рафаел. Актерот има две деца, Елиот (25) и Хелен (12), со поранешната сопруга Грејс Хајтауер, а е татко и на



Иако се ширеа бројни гласини, Роберт потврди дека бебенцето било планирано.
