Деми Мур со уникатен изглед се истакна од толпата на МЕТ галата.
На синоќешниот настан во музејот „Метрополитен“, 61-годишната актерка зачекори во креација изработена од тапет со големи цветови, надополнета со складна наметка со „боцки“.
Фустанот е дело на дизајнерот Харис Рид, а Деми го искомбинира со скапоцен накит од Cartier.
Ѓерданот на Деми е изработен од смарагди од 7,87 карати, додека обетките се направени со смарагди од 2,25 карати.

„Целата креација е направена од винтиџ тапет. Го пренаменивме. Посветени се 11.000 часа на идејата за расцутување на Деми на тепихот“ – изјави Харис.
















Овогодишната тема на МЕТ балот е „Garden of Time“.